Свет

Пронајден сомнителен пакет на аеродромот во Лондон

Лондонскиот аеродром „Хитро“ вчера беше привремено затворен поради „сомнителен пакет“ кој бил забележан на еден од терминалите.

Според првичните информации, на Терминалот 4 е забележан сомнителен пакет при што терминалот бил затворен, а сите летови биле одложени.

Портпаролот на аеродромот потврди дека е пронајдена торба, но подоцна бил пронајден и нејзиниот сопственик.

„Нашиот тим пронајде оставена торба на Терминалот 4. За первенција го затворивме тој дел од аеродромот, но сега сопственикот е идентификуван и проблемот е решен. Се е повторно вратено во нормала. Им се извинуваме на сите патници за непријатноста“, изјави тој.

Терминалот 4 е вториот најголем терминал на овој најголем аеродром во Британија. Минатата година низ него поминале 9,5 милиони патници на 48.137 летови.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток