Некатегоризирани

„Тотал“ одложен поради спреченост на претседателот на судечкиот совет

Поради спреченост на претседателот на судечкиот совет, одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“, пишува Курир.

Новото судско рочиште е закажано за 21 декември во 10 часот.

На денешното рочиште беше присутен обвинетиот Драган Павловиќ Латас и неговите бранители. Тој во предметот на СЈО „Тотал“ е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток