Македонија

Македонските мед и компири повторно на косовскиот пазар – Укинати бариерите помеѓу Македонија и Косово

Пред неколку часа добивме писмо од Косово, во кое се потврдува дека ги укинуваат бариерите за увоз на мед и компир од Македонија, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.   Според министерот за економија Крешник Бектеши нема да има компромис и остапки и понатаму, кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.

„Иако со задоцнување од една недела доставена е програмата што се однесува на мониторинг и пасивен и активен за икрите и помладокот на риби и согласно тоа Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија веќе ги стави денеска на листата на држави од кои може да се увезуваат икри и помладок на риби, а со тоа и тие ги укинаа нивните мерки. Многу е важно да се наведе фактот ние како Влада и Минстерство за економија уште еднаш покажавме и така ќе продолжиме дека нема да има компромеси за стандардите кои треба да бидат исполнети“, рече министерот Бектеши.

На почеток