Актуелно

Комисијата за избори и именувања едногласно донесе одлука за разрешување на Катица Јанева

Комисијата за избори и именувања му предложи на Собранието да донесе одлука за разрешување на Специјалната обвинителка Катица Јанева поради нестручност и несовесност во работењето.

По одлуката на комисијата за избори и именувања на потег е Талат Џафери кој треба да закаже седница на која Собранието со двотретинско мнозинство треба да ја разреши Јанева. Потоа постапката се сели во Советот на јавни обвинители кој треба конечно да стави крај на кариерата на Јанева во СЈО.

На почеток