Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето гостување во емисијата “Клик Плус“ на Тв 21 изјави дека Законот за употреба на јазиците и договорот со Грција во врска со прашањето за името, по референдумот ќе бидат испратени за да бидат објавени во Службен весник.
– Јас и претходно сум го кажал, и еве повторувам попрецизно. По завршувањето на референдумот, и Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на договорот со Грција ќе се испратат до Службен весник.