Според податоците што ги објави Заводот за статистика пред три дена на врвот на листата на највисоки плати е секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности” каде што просечната плата изнесува 60.112 денари и за прв пат достигна 1.000 евра.
Тоа е голем јаз споредбено со просечната плата, која изнесува 24.072 денари, особено ако се спореди со другите поразвиени и поголеми земји. Просечната плата на македонските програмери е сигурно уште поголема, бидејќи во категоризацијата на Заводот за статистика оваа професија оди заедно со други сродни како што е ИТ-администраторот.
Како споредба, ќе ја земеме разликата помеѓу просечната плата во Хрватска и просечната плата на програмерите. Така, на годишна основа, просечниот Хрват заработува 67.032 куни, а просечниот програмер 102.720. Разликата е 35.688 куни годишно, што е приближно цена за целосно реновирање на куќа, но далеку помал јаз во однос на македонскиот.
Во САД просечниот работни работи за 46.384 долари, а програмер заработува 69.083 долари годишно, или пак во Велика Британија има многу помала разлика, каде што просечниот Британец заработува 25.500 фунти годишно, а изработувачите на софтвери заработуваат 30.625 фунти годишно.
За пример може да се земе и Русија, каде што соодносот е 493.680 рубљи годишна плата, во споредба со еден познавач на најзастапениот програм – Java, кој добива годишно 961.173 рубљи.
Постојат и екстремни исклучоци во спортивна насока, како што е Турција, каде што просечен годишен доход на работник е нешто повеќе од 4.000 долари, а просечен разработувач на софтвер може да се пофали со дури 35.662 долари.