Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој бара мито

Бекир Асани може да биде симбол на Заевата визија за „европска Македонија”, но сигурно не може да биде модел за илјадници млади македонци кои веќе се чувствуваат како дел од Европа и се подготвени да се натпреваруваат со своите врсници, се наведува во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Осуденици на тешки кривични дела може да бидат поткрепа на Заев во лагата дека со откажување од македонскиот идентитет ќе тече „мед и млеко”, но тие не може да бидат урнек за чесниот и достоинствен македонски работник. Од вчера и Бекир Асани и лица осудени за тешки кривични дела станаа адути на заевата кампања со која што се обидува да го изманипулира македонскиот народ за да ја легитимира капитулцијата на која што се согласи, а која подразбира бришење на македонскиот идентитет“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека човек како Асани кој нападна службено лице, полицаец, настан кој власта и Спасовски направија се за да го прикријат не може да бидат дел од европската иднина на Македонија колку и да го поддржуваат Зоран Заев.

Криминалот е главен мотив на власта, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека јавноста во изминативе година и половина видела се освен европските манири на владата на СДСМ и Зоран Заев.

„Криминалните тендери и грантови доделени на високи партиски и државни функционери не се дел од вредностите на Европската Унија и западната цивилизација. Човек со свиткана кичма кој е спремен да ги продаде националните и државните интереси само за да си ја спаси својата политичка кариера, не е пример за Европски политичар“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој целата јавност го виде како бара мито од 200 илјади евра, а судот наместо да го казни го амнестираше за неговите криминали.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток