Македонија

ОХРИД ТРЧАТ, со низа успешни реализации годинава

Со доделување на  признанија на партнерите и поддржувачите (приватен сектор, институции, волонтери, физички лица,јавни служби и медиумите ) на завршната вечер за 2018 година, која се одржа во големата сала на Општина Охрид, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ им се заблагодари на сите за искрената поддршка во реализацијата на спортските настани Охрид трчаТ 2018 и Балканското триатлон првенство кое се реализира во партнертсво со Триатлон федерацијата на Македонија.
На свечената церомонија организаторите го промовираа извештајот за партнерите на Охрид трчаТ, исто така прикажани беа три видеа од кои две за Охрид трчаТ и едно за Балканското триатлон првенство, беа доделени плакети и благодарници за сите  кои беа дел од поддршката на спортските настани и секако на крај се одржа и скромен коктел на кој партнерите и асоцијацијата во неформални разговори разменија многу размислувања и сугестии за иднината на настаните кои се во организација или коорганизација на самата асоцијација.
Асоцијацијата посебно изрази голема благодарност до сите чинители во настанот Охрид трчаТ и најави неколку новитите и изненадувања за третото издание на спортскиот настан број еден во Охрид кој ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток