Петтмина се затруле откако јаделе во мензата во скопска Пивара и завршиле на Клиниката за инфективни болести, од кои двајца се хоспитализирани, додека тројца се третираат амбулантски, дознава „Фокус“.
Според информациите на порталот, на терен се излезени инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Случајот е пријавен по дојава од Центар за јавно здравје.
„Фокус“ ги контактираше и од Скопска пивара, од каде што тврдат дека не се запознаени со ваквите случувања.