Македонија

Заев за Фокус: „Нема докази дека Катица Јанева зела пари во “Рекет”

Од тоа што го слушнав на снимките немаше докази дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот, вели премиерот Заев во интервју за “Фокус” околу случајот “Рекет”

Таму немаше докази, од тоа што го слушнав, дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници, секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност. Затоа што можете човек да го изнаказите буквално со зборови, посебно ако тоа го вели премиер. Јас морам да бидам внимателен. Пресумпцијата на невиност е многу важна. Јас сум еден од тие што почнуваше протести пред Специјалното јавно обвинителство. И верувам во целиот тој систем, вели Заев.

 

На почеток