Погледот од врвот на Галичица кон двете езера симболички кажува дека тој ни е насочен кон двете стратегиски цели – кон членството во ЕУ и кон членството во НАТО, изјави денеска на врвот Лако Сигној на Галичица министерката Радмила Шекеринска која ја предводеше планинарската тура „Две езера – две стратешки цели – ЕУ и НАТО“, што повод Денот на независноста ја организираше Министерството за одбрана, објави nezavisen.mk.
– Пред две години кога прв пат Министерството за одбрана организираше ваков марш во Крушево, целта ни беше да порачаме дека доколку знаеш која е заедничката цел, ако знаеш како да се организираш, ако си доволно трпелив и упорен без откажување од патот, дури и високите врвови не се недостижни. Пред две години членството во НАТО навистина изгледаше недостижно, но еве една од нашите главни стратешки цели е на дофат, не делат практично неколку недели, месеци. Со истата сила, истата енергија, упорност и знаење сега се свртуваме кон другата цел, почеток на преговори во ЕУ, рече Шекеринска.
Таа ја искористи можноста да истакне дека остварувањето и на двете цели не е лесно, како впрочем и искачувањето на самата Галичица, но погледот на двете езера остава без здив, така е големо и задоволството, сатисфакцијата кога ќе се постигнат резултати.
– По повод Денот на независноста сакаме оттука да ја испратиме пораката до целата таковина, дека трудот се исплаќа. Вложувањето, енергијата, упорноста возвраќаат со резултати. Убедена сум дека членството во НАТО ќе биде дополнителен ветар во едрата на нашите ЕУ планови, рече министерката Шекеринска.
Текстот во целост на: nezavisen.mk.