чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВМРО ДПМНЕ: Зошто охриѓани се препраќаат да извадат Уверение за државјанство во други градови кога според живеалиштето тоа треба да го направат во СВР Охрид?

МВР со својата работа наместо да биде во заштита на граѓаните со сите последни случувања само им создава проблеми и маки.  Зошто граѓаните на Охрид се препраќаат да извадат Уверение за државјанство на Република Македонија во други градови кога според живеалиштето тоа треба да го направат во СВР Охрид?

Граѓаните се изложени на дополнителен трошок да одат во Струга или Ресен наместо тоа да го направат на шалтерите во СВР Охрид. Зошто МВР им ја ускратува јавната услуга на граѓаните кога таа е регулирана со Закон за државјанството на Република Македонија?

МВР ветуваше двосменско работење токму со цел  да се излезе во пресрет на граѓаните но гледаме дека тоа воопшто не функционира. ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид апелира да не им се ускратуваат правата на граѓаните и како што можат да извршат фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање во Охрид така и непречено граѓаните да може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close