Македонија

Ристовска: СЈО е живо, ние работиме до септември 2020

Обвинителката Ленче Ристоска пред денешното рочиште за „Талир” изјави пред новинарите дека Специјалното јавно Обвинителство уште е живо.

– СЈО уште е живо, рече Ристоска.  Многу пати апелиравме за важноста на носење на овој закон (Закон за ЈО н.з.). Тоа го има и во последното наше соопштение зошто е важно да се донесе тој закон. СЈО се уште постои, се уште функционираме, по Законот за СЈО до септември 2020 и верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристовска.

На почеток