Во затворот Идризово во приемното одделение, попладнево околу 14 часот избувна пожар.
Пожарот ја зафатил кровната конструкција, а се смета дека истиот настанал поради застарената електрична инсталација.
Во пожарот нема повредени лица. Противпожарната единица интервенирала со 5 возила.
