Министерството за здравство набави две нови возила кои се наменети за транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Целта на оваа набавка е да се обезбеди квалитетен пренос на пациенти, нивка заштита од надворешните временски влијанија, како и заштита на нивната приватност пеи транспортот.
Возилата ќе се користат за транспорт на пациенти од една до друга клиника само во рамките на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, што значи дека пациентите повеќе нема да се пренесуваат физички, на носилки.