Жителите на Карпош 4 и Влае прашуваат дали во Вардар ќе се постават нови галии, откако забележале дека повторно се копа и интервенира низ речното корито.
Но, според информациите, на тој потег нема да има галии, туку гасовод кој го гради фирмата „Гама“, а претходно ги добила сите дозволи.
Детални информации нема, ниту известување што точно се случува.
Пред седум месеци, градоначалникот Петре Шилегов изјави дека дал наредба да започне отстранување на бродовите во реката Вардар.
„Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите, во тек се постапките како ќе бидат созреани одлуките за носење така ќе бидат објавени“, рече Шилегов.
Дали и колку ќе бидат обесштетени сопствениците Шилегов не прецизираше, рече дека не е донесе дефинитивна одлука, а кога ја донесат јавноста и сопствениците ќе бидат информирани.