Македонија

Боки 13 е во животно загрозувачка состојба, не дава исказ пред Русковска додека не види докази

Еден час траеше распитот на првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски, кој денеска беше изведен пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Јовановски беше донесен со полициска придружба од притвор, а по еден саат вратен во затворот во Шуто Оризари.

Како што рече подоцна неговиот адвокат, Сашо Дуковски, Јовановски одбил да даде исказ затоа што обвинителката Русковска на првото соочување со доказите го известила дека истрагата против него е завршена.

-Ова до сега во македонското правосудство не се случило. Истиот ден кога го викаат прв пат на распит, го известуваат дека е завршена истрагата. Претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него. Ова е повреда на постапката, ставот на Европскиот суд за човекови права е дека осомничениот треба да биде запознаен со доказите против него и основите за сомневање – рече Дуковски.

Дуковски појасни дека не е запознаен со фактот дали е завршена истрагата за „Рекет“ или само истрагата за неговиот клиент, бидејќи утре на распит треба да биде донесена екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.

„Има една ситуација за неговата здравствена состојба која никого не го интересира. Ќе видиме што ќе се случува. Незаконски е завршена постапката. Боки 13 нонстоп повраќа. Нека се смеат владетелите на правото дека е труден. Го носат во амбуланта му даваат раствор, обична терапија. Неговата состојба е животно загрозуваќка. Ако немате функција на желудникот, тогаш е”, смета Дуковски.

На почеток