Македонија

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЕСКИШЕХИР ОД ТУРЦИЈА

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со Казим Курт, градоначалник на Ескишехир од Турција. На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града, која би почнала со потпишување на протокол за соработка.

Турските гости се во посета на Охрид организирана од инкаминг туроператорот „ДМЦ Балканс“ која работи на турскиот пазар и пазарите на Индонезија и Малезија.

Општина Охрид е збратимена со  Јалова и Сафранболу, а протокол за соработка има потпишано со општината Газиосманпаша од Турција.

На почеток