Речиси 19 години подоцна, Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за ослободување од обвинение за Рамиз Асани, Муча Бајрами, Емрула Емрулаи и Лирим Динарица, кои се обвинети за убиство на тројца полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, настан кој се сличил на 11-ти јануари 2000 година на влезот во Арачиново.
Лирим Динарица, еден од обвинетите по објавувањето на конечната одлука од страна на Кривичниот суд, изјави дека во нивна одбрана имало десетици сведоци кои изјавиле дека тој и другите обвинети немаат никаква врска со убиството на тројцата полицајци.
– Поминавме 18 години во тортура, малтретирање и судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било. Болно е што има многу невини луѓе во нашите затвори, не само во овој случај, туку и во многу други, рече Денарица тогаш. За овој случај, обвинети беа уште шест други лица, меѓу кои и сега починатите Башким Асани и Агим Асани. Обвинетите сега веќе ја добиле ослободителна пресуда поради недостиг на докази, но жалбата на обвинителството до апелациониот суд го врати случајот уште од почеток. Овој пат обвинителството се жалеше, но апелациониот суд ја отфрли нивната жалба и ја потврди нивната невиност.
Тројцата полицајци кои беа убиени на 11-ти јануари 2000 година, беа вклучени во акција за пронаоѓање на украдени автомобили при што кон нив беше пукано со автоматско оружје.