Македонија

АВМУ: Обвиненијата против новинари не се во корист на јавниот интерес

И АВМУ денеска реагира на покртенатото обвинение против новинарот Александар Митовски од порталот „Инфомакс“.

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги истакнува дека објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи“ велат од АВМУ.

Медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, а инстититуциите да имаат предвид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува на постигнувањето на заедничката цел – заштита на јавниот интерес, се вели во соопштението.

На почеток