Спорт

Кошаркарски турнир „Спорт клуб“ во Кисела Вода

Со поддршка од Општина Кисела Вода, во недела во организација на КК „Ангели“ и ТВ „Спорт клуб“ во спортската сала „Независна Македонија“ ќе се одржи кошаркарски турнир за деца родени 2007 година и помали.

Натпреварите ќе се играат по следниот распоред:

10:00 КК Пантер Скопје – КК Крива Паланка

11:00 КК Кисела Вода  – КК Куманово

12:00 КК Пантер Скопје – КК Ангели

13:00 КК Гостивар – КК Крива Паланка

14:00 КК Академија ФМП – КК Куманово

15:00 КК Ангели – КК Крива Паланка

16:00 КК Академија ФМП – КК Кисела Вода

Финалните натпревари ќе се одиграт со почеток во 17 и 18 часот.

КК „Ангели“ од Кисела Вода на турнирот ќе се натпреварува со уште една своја екипа, КК „Кисела Вода“.

На меѓународниот турнир „Спорт клуб“ силите на теренот ќе ги одмерат 32 екипи од Северна Македонија. Останатите натпревари од турнирот ќе се играат во Кавадарци и Струмица.

На почеток