Македонија

Тепачка со лопата и мотика во Гостивар

Во полициската станица во Гостивар вчера околу 12 часот и 40 минути пријавено е насилство во трговски објект на Булевар „Браќа Ѓиновски“ во кое учествувале Љ.Н. (52) и неговиот син Ш.Н. (27).

Најпрво започнала вербална расправија со вработените околу цената на производот кој претходно го купиле, по што Ш.Н. со лопата го удрил по главата гостиварецот Н.З., а неговиот син со мотика го скршил стаклото од излогот. Н.З. бил пренесен во гостиварксата општа болница и укажана му е лекарска помош. Љ.Н. и Ш.Н., како и другите учесници во тепачката се лишени од слобода.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток