Натоварен џип со дрва за огрев снимен во Охридско. Без ознаки и регистарски таблички. Каде е шумската полиција?
Крадењето дрва за огрев веќе подолг период е мошне доходовен бизнис за одредени лица не само во Охридскиот регион туку и низ целата земја. Полицијата вели дека се справуваат со оваа појава, но очигледно овој бизнис сеуште царува поготово во овој период пред почетокот на грејната сезона. Овие возила се толку многу раздвижени и забележливи во вечерните и ноќните саати, но се наметнува прашањето каде е шумската и сообраќајната полиција и зошто истите не се запираат?