Македонија

Бузаку на Реџепи му даде 72 часа да го напушти седиштето на ИВЗ

Скендер Бузаку на поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи му даде рок од 72 часа да ја напушти ИВЗ, во спротивно рече дека ќе објави докази за криминалното работење на Реџепи.

Бузаку им порача на сите оџи, муфтии, верници кои биле избркани некогаш од ИВЗ ќе ги врати на работа, а пак оние кои сега работат за Реџепи да не се плашат оти нема да бидат избркани туку унапредени.

Бузаку нагласи дека не може да влезе во ИВЗ бидејќи полицијата го чува објектот. Тој симболично за ултиматумот остави часовник пред портата на ИВЗ.

 

На почеток