Македонија

Катица Јанева останува во притвор, поради опасност од бегство

Апелациониот суд не ја прифати жалбата на екс шефицата на СЈО со која бараше укинување на притворот. Судот добил информација од обвинителството дека истрагата е завршена, но апелациските судии процениле дека се уште постои можност за бегство, па затоа донеле одлука таа да остане во Шутка.

Жалбата пред повисокиот суд следуваше откако претходно кривичен ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да и биде одредено поблага мерка. Во одлуката, апелација наведува дека со завршување на истрагата, поранешната специјална обвинителка не може да влијае врз истрагата за предметот и сведоците па затоа точката два од решението е преиначено, но останува во притвор според првата точка односно опасност од бегство.

Катица Јанева е во притвор од 21 август како осомничена во случајот „Рекет“.

 

 

 

На почеток