Со апел да се врати достоинството на полицијата, да не се омаловажуваат полициските службеници и да не се нарушува честа и угледот на овие лица, Независниот полициски синдикат денес излезе на мирен протест. Протестот се одржа под мотото „Враќање на достоинството на полицијата“.
Поради протестот блокирани се повеќе сообраќајници во Скопје и низ другите градови во земјава.
Од Независниот синдикат велат дека преку протестот сакаат да ги алармираат надлежните за лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.
Дел од барањата се повисока плата за 25 отсто, колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Претседателот на синдикатот Гоце Делчев рече дека полицијата нема земено плата, и постави ултиматум до министерот Оливер Спасовски од 15 дена за исполнување на барањата на синдикатот.