Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во интервју за „А1он“ вели дека нема место за калкулации и сите дивоизградени објекти ќе бидат отстранети. Тој рече дека сите мора да сфатат дека времето на урбанистички хаос полека завршува.
Георгиевски во интервјуто кажа дека поднел и кривична пријава против советникот во општината од ДУИ, Нефи Усеини, за дивоизградената пицерија кај Чинарот.
Целосно интервјуто А1он ќе го објави утре во 12 часот.