Општина Чаир и Министерство за економија ќе го финансираат проектот за уредување на излозите и рекламите со кој ќе бидат опфатени 97 дуќани во Старата скопска чаршија. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој присуствуваше на потпишувањето на договорот со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.
„За проектот кој ќе значи уредување и разубавување на скопската Чаршија која е еден од најзначајните историски споменици во Скопје, но и во државата, 9, 7 милиони денари одвои Министерство за економија, додека пак Општина Чаир обезбеди уште 2 милиона денари“, информираше министерот Бектеши. Со ова планираме да ја направиме попривлечна за странските и за домашните туристи.
Уредувањето на излозите треба да се реализира до крајот на годинава додека пак комплетното уредување на Чаршијата, со партерното уредување и замена на камените плочници би требало да заврши до крајот на следната година, информираше Бектеши.