МИЦКОСКИ СО ПРОМОВИРАЊЕТО НА НОВИОТ ТИМ НАЈАВИ ВЛАДА ВО СЕНКА
Лидрот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги објави денеска имињата на неговите нови соработници, тимот е составен од експерти и професори кои ќе му помагаат на Мицкоски во креирањето политики. Меѓу нив се шеснаесетина експерти кои ќе делуваат како стратешки соработници за одредена област.
На Фејсбук Мицкоски тимот го карактеризира како тим на луѓе со врвни биографии
1. Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова – стратешки соработник за прашања од областа на правото и политичкиот систем
2. Проф. Д-р. Сашко Кедев – стратешки соработник за прашања од областа на медицината и здравствените политики
3. Проф. Д-р. Владимир Дукоски – стратешки соработник за технолошки развој и образовни политики
4. Проф. Д-р. Хозе Тараско – стратешки соработник за прашања од областа на економија
5. Игор Дурловски – стратешки соработник за прашања од областа на културата
6. Влатко Гигов – стратешки соработник за нови производи и социјални медиуми
7. Јанко Баждавела – стратешки соработник за напредни технологии и аналитика
8. Борко Ристовски – стратешки соработник за прашања од областа на спортот
9. Сања Божиновска – стратешки соработник за прашања од областа на енергетиката
10. Акан Махмут – стратешки соработник од областа на туризмот
11. Проф. Д-р. Лазар Јовевски – стратешки соработник од областа на трудовото право
12. Проф. Д-р. Зоран Марков – стратешки соработник од областа на машинската индустрија
13. Проф. Д-р.Гоце Наумовски – стратешки соработник од областа на интелектуалната сопственост
14. Проф. Д-р. Гоце Андревски – стратешки соработник за прашања од областа на бизнисот и организациските стратегии
15. Проф. Д-р. Александар Климовски – стратешки соработник за прашања од областа на корпоративното право
16.Коста Митровски – стратешки соработник за прашања од областа на банкарската политика