Скендер Бузаку кој тврди дека е избран за поглавар на ИВЗ, ги поднесе доказите кои според него покажуваат дека актуелниотн поглавар Сулејман Реџепи правел криминал користејќи ја верската заедница. Имено според Бузаку Реџепи парите од аџиите наместо директно да ги уплатува во Министерството за аџилак на Саудиска Арабија, тоа го правел преку посредник, поради што наместо на аџиите да им наплати по 510 евра и земал по 840 евра.
– Доказите кои ги доставив покажуваат дека пријавеното лице присвоил над 700.000 евра, пари уплатени за аџилак. До ОЈО доставив и други докази кои ја поткрепуваат кривичната пријава. По факура број 1459 исплатени се средства од 600.702 евра за такса за престој во Саудиска Арабија за 840 аџии, односно ИВЗ платила такса по 800 евра за лице преку посредник приватна компанија. Според правилата и утврдената такса за престој од страна на Министерството за аџилак на Саудиска Арабија таксата за престој е утврдена на 510 евра по човек, која ИВЗ требала да ја плати директно на сметката на Министерството.Со тоа што Реџепи исплатата ја извршил преку приватна компанија докажува дека целта била дел од парите да присвои – изјави Бузаку.