Актуелно

Компанија на Нефи Усеини добила 30-годишна концесија за експлоатација на варовник

Компанија во косопственост на претседателот на огранокот на ДУИ во Охрид и член на општинскиот совет, Нефи Усеини, годинава добила концесија за експлоатација на варовник во локалитетот Климештани за период од 30 години, објавува најновиот број на неделникот Фокус.

Станува збор за друштвото регистрирано за вадење на чакал и песок со назив „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“, кое, според податоците од Централниот регистар, е во сопственост на Усеини, кој воедно е и управител на друштвото, додека вториот косопственик е албанскиот државјанин Албин Папа.

Во име на владата, Министерството за економија предводено од Крешник Бектеши во јули годинава склучило договор „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“, откако оваа компанија била единствен учесник во постапката, во која доставила понуда во износ од 1.229.900 денари или околу 20.000 евра.

Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

На почеток