Македонија

Нова жалба од Катица Јанева

Во Апелациониот суд стигна нова жалба од адвокатите на екс специјалната обвинителка Катица Јанева по одлуката на Кривичниот суд да и се одбие  гаранцијата која ја понуди Јанева за  укинување на притворот или за замена со куќен.

Јанева преку својата двокатка Ирена Фрчковска  достави предлог до Кривичниот суд за укинување на притворот, за што како гаранција ги понуди двата стана на синот и ќерката и уште еден стан на член на потесното семејство, но Кривичниот суд го одби барањето, објави Нова ТВ.

„По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован“ соопштија од Кривичниот.

Текстот во целост на:Нова ТВ

На почеток