Македонија

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски – не е виновен за случајот „Ровер“

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за случајот „Ровер” кој се однесува на убиството на Маријан Тушевски и Киро Камев во 2001 година, кога тој беше министер за внатрешни работи. Тој со првата пресуда беше осуден на 10 години и 6 месеци.

Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни.
Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, тогаш беше осуден за помагање убиство и доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, а на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.

Првите тројца обвинети, пак, кои според Обвинителството се директните извршители на убиството, во отсуство беа осудени на доживотна казна затвор. Четвртообвинетиот Вук Вукичевиќ, исто така странски државјанин, кому му се судеше во отсуство, за помагање доби 15 години.

На почеток