Свет

Шпанија им забранила на каратистите од Косово да го користат државното знаме

Каратистите од Косово на Светското првенство во карате во Мадрид учествуваат без државни обележја. Знамето го нема во спортската сала, пренесуваат медиумите од Приштина.

Како што пишува „Коха дикторе“, шпанската влада, која остро се противи на независноста на Косово, одлучила да забрани истакнување на државни симболи за Косово на натпреварувањето,  како и во самата сала каде што се одржуваат натпреварите.

Весникот додава дека уште нема реакции од косовските власти или косовскиот олимписки комитет.

На почеток