Свет

Франција: Жена со бомба се заканува во болница

Во северниот француски град Денкерк во тек е безбедносна операција, соопштија полициски извори.

Француските медиуми објавија дека полицијата била распоредена откако една жена се заканувала во локалната болница во градот дека ќе активира бомба што ја носела со себе кога влегла во болницата.

Полициски извори потврдија дека операцијата е во тек, но тие рекоа дека е премногу рано да се утврди дали заканата е поврзана со тероризам или со психолошки проблеми, пренесува „Ројтерс“.

Регионалниот весник La Voix du Nord на својата веб-страница објави дека полицијата ја блокирала зоната околу болницата.

Дел од француските медиуми пишуваат дека ситуацијата била ставена под контрола.

На почеток