Македонија

Тимоние: Во ЕУ не требаат земји кои покрај реформите, нивниот систем останува блокиран, како и од десетина семејства кои го држат економскиот систем како заложник во земјата

Кристијан Тимоние, амвасадорот на Франција во Скопје, во последното свое интервју вели дека во Македонија ќе се следи спроведувањето на реформите до самиот последен ден кога ќе се одлучува дали ќе ги започне преговорите со ЕУ и дека ставот на неговата земја е дека во Унијата не треба повеќе да се примаат земји кои се во залог, на како што вели, десетина семејства, објави фактор.мк

– Можеме да кажеме дека членството на некои земји би можело да биде поефикасно. Ниту преговорите ниту нивното членство во ЕУ не придонесе да се променат многу нешта во овие земји. Ова е затоа што, и покрај реформите, нивниот систем останува блокиран од политичките партии, како и од десетина семејства кои го држат економскиот систем како заложник во земјата. Не сакаме да прифатиме повеќе такви земји во ЕУ., смета амбасадорот, одговарајќи на прашањата во интервјуто на „Порталб“.

Франција се уште не го соопштува својот став за тоа дали на Македонија ќе и биде додделен датумот за отпочнување на преговорите на 15, односно на 17 октомври, бидејќи земјата ќе биде „скенирана“ до последен момент.

Текстот во целост на: Фактор.мк

На почеток