Македонија

Унгарија одби екстрадиција на Груевски, поранешниот премиер останува во Будимпешта

Унгарија повторно одбива да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски, соопшти Министерството за правда. Во Министерството за правда добиле известување од Врховниот регионален суд дека е донесена конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Груевски бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Унгарија  не го екстрадираше Груевски и по барањето за издржување на изречената казната за предметот „Тенк“.

Последната екстрадиција Министерството за правда ја бараше во врска со случувањата и упадот во Собранието на 27 април.

На почеток