Во емисијата на „24 Отворено“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски кој посочи дека самиот Зоран Заев во улога на премиер даде предлог Катица Јанева да се унапреди во Републички јавен обвинител.
Во првичната верзија која што СДСМ ја достави до Собранието беше предвидено интегрирање на СЈО во рамките на државното ЈО и таму беше предвидено тогашниот специјален јавен обвинител г-ѓа. Катица Јанева сега притвореничката Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител, т.е. да биде заменик на обвинителот Јовевски, појасни Мицкоски.
Мицкоски меѓу другото потенцираше дека е предвидено укинување на статусот почесен претседател во ВМРО ДПМНЕ. Но, тоа не значи дека се оградуваат од Никола Груевски.
„Тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на нашите сестрински партии.“ – рече Мицкоски.
На прашањето за имотот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски рече дека истиот е замрзнат на незаконски и нелегитимен начин од правосудните органи.
„Ние практично функционираме како гости во нашиот имот, но тоа не ни е проблем. Имаме 100 000 гласа предност пред СДСМ и да напредуваме во име на сето тоа. Поради едно обвинение кое што е покренато после законскиот рок и прифатено од страна на судијата во постапка и како резултат на тоа, имотот е замрзнат.“ – рече Мицкоски.