Македонија

По укажаната лекарска помош, Боки 13 вратен во Шутка

Првоосомничениот во Рекет ,Бојан Јовановски од Обвинителството каде требаше да даде исказ поради влошена состојба беше пренесен во болницата Осми септмеври..Дали и кога ќе даде исказ засега нема информации.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека тој повраќал во тоалетот и дека тоа е истото што му се случува последните 40-50 дена додека е во притвор. Обвинителството за овој случај наскоро треба да поднесе и обвинение.

„По направените анализи врз пациентот, во кои не се констатирани посериозни нарушувања на здравјето, тој е пуштен од болницата“, изјави за СДК директорот Костов.

На 4 октомври Апелацискиот суд ја одби жалбата на Јовановски за укинување на притворот и донесување решение за куќен притвор.

На почеток