Судскиот процес за тортура и нечовечко постапување при апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година по наредба на обвинетиот Сашо Мијалков се враќа на почеток. Причина е тоа што поротник во советот ненадејно дал отказ.
Според законот сега случајот ќе мора да почне од воведни зборови.
Во случајот „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, тогашниот командант на единицата „Алфи“ Ивица Антевски-Пуки и уште петмина „алфи“.
