саб. Окт 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пендаровски се обрати на научно стручната расправа „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска говореше на научно стручната расправа „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната – Република Северна Македонија по членството во НАТО“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, а во соработка со Кабинетот на Претседателот. Во своето обраќање претседателот Пендаровски рече дека е изненаден што еден Претседател на нашата држава за првпат доаѓа во една ваква значајна институција, не само сега, туку воопшто, децении наназад.

 „Јас се надевам дека до крајот на мојот мандат, а и моите наследници  ќе доаѓаат почесто во оваа институција, затоа што оттука со години и децении излегуваат кадри кои на друго место не се образуваат“, истакна претседателот Пендаровски. Говорејќи за безбедносните предизвици од 21 век, тој истакна дека најдобриот начин за соочување со нив е соработката со вакви квалификувани луѓе кои тоа го разбираат. Претседателот нагласи дека е недозволиво за 42 години првпат да влегува Претседател на држава во една ваква институција.

 „Влезот во НАТО значи дека ќе седнеме на иста маса и ќе добиеме еднаков глас со останатите земји членки. Но, тоа значи и дека 29 постојни земји – членки ќе имаат обврска колективно да се грижат и да ја штитат и нашата безбедност, а знаеме дека безбедноста е основниот темел за демократска консолидација и економски просперитет на секоја држава.   Една од нашите цели е да ги реализираме приоритетните реформи предвидени во Стратешкиот Одбранбен преглед кој треба да овозможи да имаме Армија која е подготвена и компатибилна со структурите на НАТО.  Подеднакво значајни се и реформите во безбедносниот сектор кои со години беа запрени и дури во последнава година и пол се динамизирани. Како идна полноправна членка, мораме да бидеме активни и во операциите на Алијансата. Нашата цел не е да бидеме само членка на хартија, туку активна членка подготвена да придонесува за глобалната безбедност. Бевме присутни во Ирак, сè уште придонесуваме во Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина, истовремено обезбедуваме значајна логистичка поддршка на КФОР на Косово а, во оваа насока, не е исклучено наше активно присуство и во некои идни мисии за засилување на меѓународната безбедност., истакна меѓу другото Пендаровски.

Претседателот додаде:  

Прогресот на Балканот во последната деценија е неспорен. Од регион на конфликти, прераснуваме во регион од кои почнаа да доаѓаат и добри вести. Северна Македонија направи стратешки исчекор кон сите пет соседи како придонес кон стабилноста на регионот. Потпишаната Билатерална спогодба со Бугарија ги олесни односите меѓу двете држави. Во исто време, по долги години замрзнат конфликт, процесот на преговори со Грција за името беше обновен и резултираше со потпишување на Договорот од Преспа кој ја отвори вратата за членство во НАТО. Се разбира, подготвени сме и понатаму да ги унапредуваме нашите односи и соработката со сите соседи, и, паралелно, да продолжиме да бидеме активен чинител во регионалната безбедност, рече Пендаровски.

 

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close