Пет лица, меѓу нив и пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски се меѓу осомничените во новата истрага на ЈО поврзана со фирмите на Бојан Јовановски.
- Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинeто во тој случај ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност. Ова го изјави премиерот Зоран Заев, запрашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност.
- Ако се бориме за владеење на правото и еднаков третман на сите тоа треба да го испочитуваме без разлика дали тоа се однесува на сите нас како носители на одредени партиски или општествени функции, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на мерката за ваучери за клима инвертори.
Премиерот нагласи дека како Влада принципилно стојат на ставот за владеење на правото и правна држава.
Изјавата на премиерот следи по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.