Македонија

Осомничената Јасна Мандиќ, пристигна во судот

Потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ вечерва со полициска придружба беше донесена во Кривичниот суд.

Мандиќ  е донесена на распит кај судија на претходна постапка како осомничена во новата истрага за „Рекет“ која беше отворена денеска.
Дали Мандиќ ќе заврши во притвор, ќе се знае по распитот.

 

 

 

На почеток