Македонија

Катица Јанева побарала да се спогоди и да сведочи во случајот „Рекет“

Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка побарала да се спогоди и да сведочи во случајот „Рекет“.

Вилма Рускоска од Обвинителството за организиран криминал синоќа соопшти дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата се понудил да се спогоди, но не прецизираше кој е тоа и дали тоа ќе биде прифатено. Не било поднесено официјално барање, но спогодбата била понудена, објави фактор.мк

Телма објави дека Обвинителството ја одбива понудата.

Денеска ќе биде поднесено обвиниението за тој дел од Рекет.

извор: Фактор.мк

На почеток