Коментари

Ременски: Ништо не е невозможно, додека не се заврши!

Јавното обвинителство објави дека истрагата за „Рекет“ ја проширува за уште 5 нови лица, меѓу кои е и еден функционер, за кој веднаш во јавноста се рашири информација дека станува збор за пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, која во Меѓународниот сојуз на Боки 13 беше почесен претседател.

Утрото пред Јавното обвинителство да ја посочи како осомничен функционер, Ременски на Фејсбук напишала:

Нема невозможни работи. Има само отсуство на мотивираност и упорност целите да станат реалност. Затоа, постојат луѓе кои сакаат и можат, луѓе кои можат но, не сакаат и луѓе кои не сакаат и не можат.
Ако целта ги определува средствата, тогаш изберете ги вербата, упорноста и искрената желба!
Ништо не е невозможно, додека не се заврши!

https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2648358441862060

На почеток