Македонија

Ременски суспендирана од СДСМ

Податоците кои се добиени по завршувњето на вештачењето на мобилниот телефон на Бојан Јовановски ѝ даде статус на осомничена на пратеничката Фросина Ременски.

По тоа од СДСМ ја суспендираа додека ја докажува како што велат тие својата невиност, објави тв21.мк

„Се поставуваме демократски како што заслужуваат граѓаните за кои што постоиме како партија и политичари, а тоа е донесување на времена суспензија додека некој ја докажува својата невиност. Со тоа суспенцијата не и дава можност да ја користи партиската моќ ниту политичка моќ при докажувањето на својата невиност. Јас верувам во нејзината невиност“, рече Зоран Заев.

За Ременски, која вчера истакна дека не се чувствува виновна и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар, судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост. Одземен и е пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.

Текстот во целост на: ТВ 21.тв

На почеток