Земјоделците во најголемата житница Пелагонија чекаат дожд и поголема влага за да влезат во нивите и да ја отпочанат есенската сеидба.
Иако земјоделците чекаат да заврне дожд, од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието велат дека не е толку важно колку литри дожд ќе заврне, туку врнежите да бидат рамномерно распределени и да нема поројни дождови.
Од Агенцијата препорачуваат на површини каде нема наводнување да се одгледуваат култури кои се отпорни на суша.