Македонија

НОВА БОМБА на Ел Чека на ФБ: Шеќеринска преку Бесими влијаела врз членот на ДИК Јакупи!?

На социјалните медиуми е објавен нов нелегално прислушуван разговор на кој, како што тврди објавувачот Шеќерим Ахмети познат како Ел Чека, се слуша гласот на вицепремиерката Радмила Шеќеринска и нејзиниот поранешен колега вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими. Станува збор за разговор снимен во 2013 година за време на локалните избори. Во разговорот се слуша како женскиот глас бара од соговорникот нивниот човек во ДИК Субхи Јакупи, како што вели „ принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово, за изборниот процес да не добие црвен картон“.

На снимката се слуша како женскиот глас вели дека одлучувачки е гласот на Јакупи, и доколку има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија и ќе донесе нова политичка криза, затоа што потоа како што вели прашање на време ќе биде кога ќе го напуштат Парламентот.

Во тој период сепак имаше прегласување во Центар и во вториот круг победата ја доби Андреј Жерновски.

На почеток