Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, објави статус на својот официјален фејсбук профил во кој го коментира новообјавениот прислушуван разговор, каде се слуша нејзиниот глас.
- Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.
Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти, напиша Шеќеринска на ФБ.
