Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе и биде домаќин на германската канцеларка Ангела Меркел на работна вечера во Париз, на која треба да се одлучи и иднината на Македонија во Европската Унија.
Исходот ќе се знае по средбата закажана за доцна попладнево, но иако целото внимание е насочено кон Париз и неизвесноста може да трае до последен момент бидејќи одлуката е во рацете на самиот Макрон, главниот македонски преговарач Бојан Маричиќ очекува добри вести поради испорачаните предуслови од Европската Унија.